ДДВ-то за струја ќе биде 18%, ќе почне да се применува од 1 јули, но со нова цена

Од 1 јуни нема веќе замрзнати цени. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека анализите покажале дека реалните цени се дури пониски од замрзнатите.

Од 1 јули, ново ДДВ за струјата. Од 10 % повторно се враќа на 18%, но со други мерки ќе се регулира, и струјата за домачинствата нема да биде поскапа од сегашната. Колкава цена на струјата ќе плаќаат граѓаните во следните шест месеци, најмногу ќе зависи од цената на производство која ја определува ЕСМ.

Тендерот за цената која треба да ја понуди ЕСМ,  во следните денови треба да го објави ЕВН ХОУМ. По добиените понуди, Регулаторната ќе определи колкава цена ќе чини киловат струја за домаќинствата.

Регулаторната комисија најави прес конференција во текот на денот.