Дејан Милошевски добитник на наградата „40 под 40“ на ОМД за постигнувањата на млади Македонци во светот

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја објави листата на добитници на наградата „40 под 40“ на македонската дијаспора. Иницијативата на ОМД „40 под 40“ е слава на постигнувањата на млади Македонци на глобално ниво кои влијаат на нивните заедници и професии.

Меѓу добитиците е и кратистот Дејан Милошевски-Чобачо, кој за кратко во време во САД остави трага со она што го работи, и како спортист со забележителни успеси, но и како успешно го применува каратето во медицински цели.

Наградата ги истакнува професионалците во различни области и деловни сектори, вклучувајќи технологија, бизнис, недвижен имот, медицина, финансии, настава, уметност, право и влада. Со оваа листа од годинава, ОМД досега препозна 240 лица низ целиот свет.

„Повеќе од еден век, Македонците ја напуштаат нашата татковина за подобар живот. Нашите луѓе се вредни и оставаат трага во општеството. Соодветно е ОМД да ги препознае нашите како прототип во нивните заедници, како и за идните генерации Македонци“, рече Арги Белио, член на Управниот одбор на ОМД и координатор на „40 под 40 години“.

Ова се првите десет добитници на наградата на ОМД:

Дарко Божиноски
Кристина Ивановска-Кеблер
Емелија Џексон
Виктор Јаковлески
Тина Кеј
Макс Луис
Дејан Милошевски
Едвард Николоф Јуниор
Мери Петковска
Џонатон Стојановски

„Многу сум горд што сум првиот натпреварувач досега во Македонија со ова ниво на успех и најмладиот европски судија во карате (23 години) во Европа. Во 2018 година, ја добив титулата светски судија во карате, а на крајот на годината се преселив во Чикаго, САД. Оваа година освоив златен и бронзен медал на националното првенство во САД во карате. Ја отворив и мојата компанија Милошевски боречки вештини каде што работам како главен инструктор по карате и ја споделувам мојата страст за каратето. Мој совет до македонската младина е дека ништо не е невозможно, верувајте во себе, бидете храбри да направите разлика на овој свет и никогаш не се откажувајте од своите соништа“, изјави Милошевски за ОМД.

Извор: Ипон.мк