Де бе Зоки, има ли смисла Анѓушев да ни го промовираш на позицијата премиер

Поранешниот директор на центарот за комуникации на СДСМ, Ивор Мицковски, на својот профил на Facebook го коментираше потегот на премеирот Зоран Заев да не се појави на ручекот во Виена.

Во понеделникот во австриската престолнина во организација на канцеларот Себастијан Курц се одржа регионалниот лидерски состанок, на кој присуствуваше и американскиот берзански шпекулант Џорџ Сорос, познат како најголем донатор на невладините органиации од земјите на западен Балкан.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министерот за економија, Крешник Бектеши учествуваа на овој јубилеен 15-ти Виенски економски форум „Дијалог за иднината 2018 – Економијата се среќава со политиката“.

Де бе Зоки бе, ти бега поранешниот најголем антисоросоид кај актуелниот најголем антисоросоид, и ти немаш срце да се појавиш во Виена. Па има ли смисла господиниот Кочо Анѓушев да ни го промовираш на позицијата премиер на РМ, пишува Мицкоски.