Белгискиот интернационалец од редовите на Волфсбург, Кевин де Бруин откри кој е виновен за неговиот пропаднат трансфер во редовите на Борусија Дортмунд.
„Жозе Мурињо е најголемиот виновник за пропаднатиот трансфер во редовите на Борусија Дортмунд. Мурињо не даде зелено светло откако дозна дека полскиот интернационалец Роберт Левандовски нема да биде дел од мојот трансфер, дека нема да се пресели на “Стемфорд Бриџ” за време на летниот преоден рок. Веднаш по таа информација, јас бев повикан во клупските простории и ми беше соопштено дека нема да се преселам во редовите на Борусија Д. Сепак и ваквите ситуации се дел од фудбалскиот свет. Каде што има многу пари има и многу политика”, изјави поранешниот фудбалер на Челзи.