Де Бур: Ван Гал идеален менаџер за Јунајтед или Тотенхем

Актуелниот предводник на холандскиот гигант Ајакс, Франк де Бур, е убеден дека раководните лица на Манчестер Јунајтед и на Тотенхем ќе направат голема грешка доколку менаџерската фотеља не му ја понудат и на актуелниот селектор на Холандија, Луи ван Гал.

„Ван Гал е во групата на најдобри тренери на денешницата и убеден сум дека може да го подготви тимот за најтешките предизвици во сезоната. Лесно ќе ја најде слабата точка на противничкиот тим, ќе направи совршена анализиа, ќе го подготви тимот и физички и психички. Доволно е квалитетен за да успее и како менаџер во англиската Премиер лига, но како и секој тренер или менаџер и Ван Гал ќе има потреба од некаква адаптација ќе има потреба од време”, изјави Де Бур кој исто така е во игра за менаџерската фотеља во редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем.