Де Хеа блиску до нов договор со Јунајтед

Голманот Давид де Хеа е блиску до нов договор со Манчестер Јунајтед, информира „Сан“.

28-годишниот Шпанец им соопштил на своите пријатели дека наскоро може да го потпише новиот договор.

За неговите услуги Де Хеа ќе заработува 400,000 фунти неделно, а повеќе пари во Јунајтед добива единствено Алексис Санчез.

Давид де Хеа одамна е цел на трансфер на Реал Мадрид.

Со непотпишувањето на договорот, за голманот беа заинтересирани и Јувентус и Париз Сен Жермен.

Последниве месеци, ситуацијата е променета и се очекува иднината на Давид де Хеа да биде решена во наредните два месеца.