Де Хеа најплатен фудбалер во Премиер лигата

Порталот „Spotrac“ објави список со најплатени играчи во англиската Премиер лига. Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа заработува најмногу – 23 милиони евра годишно. На второто место е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујн, додека трет е фудбалерот од средниот ред на Сити, Рахим Стерлинг.

Во првите 15 најплатени играчи во Премиер лигата, пет се од Манчестер јунајтед, по три од Манчестер сити и Ливерпул, по два од Арсенал и Тотенхем.

Списокот на 15 најплатени играчи во Премиер лигата:

Давид Де Хеа (Манчестер јунајтед) – 23 милиони евра
2. Кевин де Брујн (Манчестер сити) – 19,7
3. Рахим Стерлинг (Манчестер сити) – 18,5
4. Пол Погба (Манчестер јунајтед) – 17,8
5. Месут Озил (Арсенал) – 16,5
6. Ентони Марсијал (Манчестер јунајтед) – 15.3
7. Серхио Агуеро (Манчестер сити) – 14.1
8. Мохамед Салах (Ливерпул) – 12.3
8. Маркус Рашфорд (Манчестер јунајтед) – 12.3
8. Хари Кејн (Тотенхем) – 12.3
8. Танги Ндомбеле (Тотенхем) – 12.3
12. Александар Лаказет (Арсенал) – 11.1
13. Роберто Фирмино (Ливерпул) – 11
14. Вирџил ван Дајк (Ливерпул) – 10.1
15. Хари Мегвајер (Манчестер јунајтед) – 10.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.