Де Хеа сака да биде најплатениот голман на светот, а ПСЖ е подготвен да му го исполни тоа

65

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа, во летниот преоден рок може да го напушти „Олд Трафорд“ доколку пропаднат преговорите за продолжувањето на договорот, кој истекува летото следната година.

Дваесет и осумгодишниот де Хеа бара годишна плата од 20 милиони евра, со што би станал најплатениот голман на светот. Засега преговорите со Манчестер Јунајтед се во ќорсокак, иако „Црвените ѓаволи“ сакаат да го задржат во своите редови.

Доколку преговорите пропаднат, Пари Сен Жермен е подготвен да го исполни барањето на шпанскиот голман, а на Јунајтед му нуди отштета од 70 милиони евра, објавија во неделата британските медиуми.

Де Хеа во Манчестер Јунајтед дојде во 2011 година од Атлетико Мадрид, а тој транфер изнесуваше 20 милиони евра. Доколку летото минатата година кога му истекува договорот замине, клубот нема да добие отштета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.