Де Хеа со план да биде втор најплатен играч во Манчестер Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа не отстапува што се однесува до финансиските побарувања за да го продолжи договорот договорот со „црвените ѓаволи”, пишува Mirror. Шпанскиот голман е подготвен на подолг период да се обврзе со Манчестер, но сака да е сигурен дека неговите барања за надоместокот што ќе бидат задоволувачки.

Голманот бара 400.000 фунти неделно, што значи 21 милион евра годишно. Таквата сума ќе го направи Де Хеа втор најдобро платен играч на Јунајтед, по Алексис Санчез (23 милиони евра годишно).

Во меѓувреме, блиски до раководството на клубот велат дека Јунајтед не е многу склон да ги исполни условите на Де Хеа и бара начин да постигне компромис со голманот. Актуелниот договор на голманот истекува во летото 2019 година, но од клубот ја активираа опцијата за продолжување за една година.

Во минатото Реал Мадрид го бараше Де Хеа, но веројатно се откажаа откако кралскиот клуб го зеде Тибор Курто во летото 2018 година. Меѓутоа, за Шпанецот заинтересирано се и од Јувентус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.