Де Јонг од ПСВ во Севилја

34

Холандскиот репрезентивец Лук де Јонг мина од ПСВ Ајндховен во шпанскиот прволигаш Севилја, објави холандскиот клуб во вторникот.

Вредноста на трансферот изнесува 15 милиони евра, а де Јонг со Севилја потпишал договор на пет години.

Дваесет и осумгодишниот де Јонг има постигнато 112 погодици во 204 настапи за ПСВ во последните пет сезони во кои со клубот освои три шампионски титули во Холандија.

Досега во кариерата Холанѓанецот настапуваше во Бундеслигата за Борусија Менхенгладбах и во Премиер лигата за Њукасл Јунајтед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.