Де Лихт во Јувентус, медиуми

Младиот холандски фудбалер Матијс де Лихт се согласил да мине од амстердамски Ајакс во редовите на италијанскиот првал Јувентус, јавува во саботата Sky Italy.

Според медиумските шпекулации, Јувентус ќе плати 62 милиони фунти, за 19-годишниот капитен на Ајакс, еден од клучните играчи кои холандскиот тим сезонава го доведоа до полуфиналето од Лигата на шампионите.

Младиот Холанѓанец, така, станува првото засилување на новиот тренер Маурицио Сари, кој ја презема клупата на торинската „Стара дама“, Де Лихт на почетокот од јуни изјави дека во Јувентус го повикал Кристијано Роналдо на крајот од финалниот натпревар од Лигата на нациите на УЕФА во која Португалија ја победи Холандија со 1:0.

„Прво не го разбрав. Бев малку шокиран, па се насмеав. Но нереков ништо“, изјави тогаш де Лихт за холандската телевизија.

Шпанските медиуми пишуваа дека де Лихт треба да мине во Барселона, каде што би играл покрај другиот холандски репрезентативец Франки де Јон кој во јули ќе добатува во Каталонија.

Де Лихт во првиот тим на Ајакс дебитираше со 17 години, во 2016-та, а стана член на првата постава веќе следната сезона. Одигра 90 минути во 17 од 18 натпревари и постигна три погодока во настапите на „Копјаниците“ во Лигата на шампионите кои беа сопрени со неверојатниот пораз во последните моменти во реваншот во Амстердам од лондонски Тотенхем.