Де Ниро повреден на снимање на филм, итно е пренесен во болница

Актерот Роберт де Ниро ја повредил ногата во четвртокот на снимањето на филмот во Оклахома.

Тој веднаш ги собрал своите работи и заминал за Њујорк за да биде прегледан во болницата, пишува „Дејли мејл“.

Не е познато во каква состојба е Де Ниро ниту колку е сериозна повредата.

„Роберт секако требаше да отпатува за Њујорк на две недели, така што нема да има одложување на снимањето“, изјави за „Дејли мејл“ портпаролот на актерот.

Де Ниро во моментот глуми во филмот на Мартин Скорсезе, „Убијци на цветната Месечина“. Главната улога, покрај Роберт де Ниро, има и Леонардо Диаприо.

Дикаприо неодамна на Инстаграм објави сцена од претстојниот филм.