Дејвид и Викторија Бекам потпишаа договор за серија на „Нетфликс“

Поранешниот фудбалер, Дејвид Бекам и неговата сопруга, дизајнерката Викторија Бекам, наводно потпишале договор вреден милиони долари со стриминг сервисот Нетфликс. Според американските медиуми, планирано е реално шоу, кое ќе го следи животот на ова семејство. Нешто како реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“.

Викторија и Дејвид на тој начин ќе добијат шеснаесет милиони фунти, во замена за постојано следење на камерите на продуцентската компанија. Американските медиуми наведуваат дека Дејвид е во фокусот на новата серија.

Реалното шоу, или програмата за телевизиско шоу, исклучиво ќе прикажува снимки од младоста на славната двојка, а фановите ќе имаат можност да ги видат моментите во кои Дејвид и ’се додворува на Викторија.

Во серијата ќе зборуваат и неговите колеги од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид – Кристијано Роналдо, Рајан Гигс и други.