Дејвис: Треба уште многу да работиме

Тренерот на Вардар, Давид Дејвис вели дека одиграле добро само во првите 15 минути, но невозможно е за два месеци да го подготви тимот на ниво за овие натпревари од Лигата на шампионите.

„Најпрво сакам да му честитам на Илиќ за одличната работа во Веспрем и мило ми е што соработувавме заедно. Сакам да им честитам и на моите ракометари, откако сум тука тие работат навистина напорно. Се обидовме да се подготвиме за овој меч колку што е можно подобро, но одигравме добро само во првите 15 минути. Но, невозможно е за два месеци да дојдете до ниво за играње на вакви натпревари. Треба уште многу да работиме. За реваншот ќе се подготвиме максимално сериозно, иако можеби изгледа невозможно, но додека има математика ние ќе се надеваме. Им благодарам на сите кои дојдоа вечерва да ни дадат поддршка“, вели Дејвис.