Дебакл на Баерн, висока победа на Лајпциг, за Унион берлинското дерби

Себастијан Полтер, Унион Берлин

Фудбалерите на Унион Берлин ја совладаа минимално со 1:0 Херта во градското дерби во рамките на десеттото коло, во кое актуелниот шампион минхенски Баерн беше декласиран со 1:5 во Франкфурт

Стрелец на единствениот погодок за Унион бепе Себастијан Полтер во 90 минута од пенал. Унион моментално со 10 бодови ја избегна опасната зона и е 13-ти, а Херта е 11-та со бод повеќе.

Ајнтрахт во Франкфурт го победи високо Баерн кој одигра речиси цел меч со играч помалку откако уште од 9 минута беше исклучен Жером Боатенг. Домашните поведоа во 25 минута преку Филип Костиќ, а потоа мрежата на Баварците ја решетаа Џибрил Сов во 33, Давид Абрахам во 40, Мартин Хинтерегер во 61 и Гонсало Пасиенсиа во 85 минута, а за гостите погоди Роберт Левандовски во 37 минута.

Баер остана на четвртата позиција со 18 бодови, додека Ајнтрахт сега е шести со 17 бодови.

Водечката екипа Борусија Монхенгадбах со 2:1 го совлада Баер Леверкузен, кој мечот го заврши без Леон Бајли кој доби црвен картон во седмата минута од судиското продолжение. Гостите поведоа во 18 минута преку Оскар Венд, а израмни во 25 минута Кевин Воланд, но до крајот на полувремето Борусија во 42 минута со голот на Маркус Турам повторно го преема водството.

Борусија од Менхегладбах е водечка на табелата со 22 бода, три повеќе од истоимената екипа од Дортмунд, а Баер е десетти со 15 бодови.

Во Дортмунд, пак, домашната Борусија без проблеми со 3:0 го совлада Волфсбург кој сега е седми со 17 бодови. Стрелци за „Милионерите“ беа Торган Азар во 52, Рафаил Гвереиро во 58 и Марио Геце во 88 минута од пенал.

РБ Лајпциг со високите 8:0 го потопи Мајнц 05. Гостите ги начна Марсел Саблицер во 5 минута, а потаа Тимо Вернер постигна „хет-трик“ со головите во 30, 48 и 87 минута, во меѓувреме погодуваа и Кристофер Нкунку во 35, Марсел Хајштенберг во 38, Јусуф Поулсен во 44 и Норди Мукиеле во 50 минута.

РБ Лајпциг е трет и ја предводи групата екипи со по 18 бодови, во која се и Барн и Фрајбург, а Мајнц е моментално 14-ти со девет бодови, два бода повеќе од тимовите во опасната зона.

Вердер и Фрајбур одиграа 2:2, во меч во кој домашните двапати водеа, но гостите се спасија во судиското продолжение. Домашните поведоа преку Милот Рашица во 9 минута, а израмни во 28 минута Нилс Петерсен. Вердер повторни дојде во водство во 59 минута со голот на Теодор Гебре Селасие и кога во 87 минута Фрајбург остана без исклучениот Јаник Хаберер се чинеше дека бодовите ќе останат во Бремен. Сепак, во третата минута од судиското продолжение Петерсен со својот втор погодок вечерва му донесе бод на Фрајбург.

Вердер е 12-ти со 11 бодови, а Фрајбург е петти со 18 бодови.

Во петокот Хофенхајм со 3:0 го победи последниот Падеборн, а во недела се играат дуелите Фортуна – Келн и Аугсбург – Шалке 04.