Дебата на демократските кандидати за претседател на САД во Јужна Каролина

Седум кандидати за демократската претседателска номинација вечерва ќе имаат дебата во Чарлстон, Јужна Каролина. Изборите во оваа сојузна држава ќе се одржат в сабота.

Во трката се уште има многу кандидати, што е необично за демократските прелиминарни избори до оваа фаза, во споредба со минатите изборни циклуси, кога остануват двајца или тројца фаворити.

Вечерва ќе дебатираат Сенаторот од Вермонт Берни Сандерс, поранешнот потпретседател Џо Бајден, сенаторките Елизабет Ворен и Ејми Клобучар, милијардерите Том Стајер и Мајкл Блумберг, поранешен градоначалник на Њујорк, како и Пит Бутиџич, негов колега од Саут Бент, Индијана.

Сандерс има предност по победата во Невада изминатиов викенд. Тој води и според бројот на делегати, потребни за да се избере противкандидатот на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп на изборите во ноември.

Оваа позиција го става Сандерс како потенцијална цел на напади од страна на другите кандидати, иако јавните анкети покажуваат дека фокусот во Јужна Каролина би можел да се сврти кон Бајден.

Анкетите, исто така, покажуваат евентуална можност и за Стајер, кој се очекува да добие најголема поддршка досега.

Инаку, карктеристично за изборите на демократски претседателски кандидат во Јужна Каролина, е тоа што тие се целосно отворени и секој може да дојде и уфрли гласачко ливче, па дури и членовите на Републиканската партија.