Дебранец со автомобил повредил тројца пешаци во скопско Дебар маало

Млад возач од Дебар со своето возило вчера рано попладнето во скопско Дебар маало удрил во тројца пешаци, по што две жени со сериозни повреди се хоспитализирани.

Инцидентот се случил во поетокот околу 14:45 часот кога било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Аминта Трети“ патничко моторно возило „даихатсу“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот А.Д. од Дебар, удрило во пешаците 26-годишната И.Т., 41-годишната С.Ј. и 56-годишната Г.Б. сите од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Г.Б. по што била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Со телесни повреди се здобила И.Т. по што била пренесена во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.