Децата денеска почнаа со настава, а Заев во април ќе набавува комјутери

Постапката за набавка на 40.000 компјутери за оние деца кои ги немаат ИТ-уреди за следење на онлајн настава би траела да трае до април месец, најави денеска премерот Зоран Заев на првиот ден од новата учебна година.

Оваа најава како проект ќе беше одлична ако се случеше пред најмалку еден месец. Учебната година започна денес. Голем број на родители не можат да си дозволат да купат комјутер за своето дете, па се снаоѓаа, се задолжуваа, позајмуваа, само за да не го двојат своето дете од останатите. Преживеаја голгота во неизвесноста кога и како би почнала учебната година.

И денес, откако оние кои ќе следат онлајн настава веќе мораа да имаат набавено компјутер, Заев бесрамно најавува дека компјутери ќе се набавуваат во април!

-Постапка за набавка за 40.000 компјутери би траела до април месец. Ќе направиме да може секое дете да се чувствува еднакво со другите, изјави Заев.