Децата можат да ја наследат депресијата и анксиозноста од своите родители

35

На сите ни е познат фактот дека физичките здравствени проблеми можат да бидат наследни, па затоа лекарите постојано ги предупредуваат своите пациенти да бидат запознаени со медицинската историја на своето семејство.

Но, едно неодамнешно истражување покажало дека дури и менталните болести можат да бидат наследни, а тука спаѓаат и депресијата и анксиозноста, односно, децата на родителите коишто страдаат од ментална болест, имаат предиспозиции за развој на истата.

Во студијата објавена во „Зборникот на националната академија на науките“, експертите заклучиле дека децата можат да ги наследат оние делови од мозокот на своите родители коишто ги прават поподложни на развој на депресија и анксиозност.

Студијата ги посочила трите области на мозокот коишто се одговорни за пренесување на анксиозноста од родителот на своето дете: Амигдалата, центарот за страв во мозокот и префронталниот кортекс, којшто луѓето го користат за размислување на повисоко ниво.

Бидејќи денес нивото на стрес е значително зголемено, научниците веруваат дека следната генерација може во големи размери да доживее проблеми со менталното здравје.

Како да му помогнете на дете коешто има предиспозиции за развој на депресија и анксиозност?

Важно е да се има предвид дека иако во семејството има членови со депресија, не мора да значи дека и децата ќе бидат депресивни, но и обратно, децата коишто во семејството немаат лица со депресија, може да развијат депресија и анксиозност.

Сепак, треба да се има предвид и дека кога семејната историја бележи лица со депресија, веројатноста за децата да бидат депресивни е зголемена. Но, овде влијаат и уште многу други фактори. Како и да е, без оглед на факторите коишто може да придонесуваат за депресија или анксиозност, тие бараат долгорочно третирање.

Затоа, доколку се чувствувате депресивни или пак забележувате некои симптоми кај вашето дете, разговарајте со професионални медицински лица коишто ќе ви дадат точна дијагноза и правилен третман.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.