Децата од воената зона во Украина се под привремено руско старателство, објасни амбасадорот во ОН

Рускиот постојан претставник во Обединетите нации во Њујорк, Василиј Небензја, ги отфрли обвинувањата од Западот дека наводно Русија евакуираните деца од воените зони во Украина ги два на посвојување, отфрлајќи ги обвинувањата на Меѓународниот кривичен суд против рускиот претседател Владимир Путин.

Русија го потпиша учеството во Римскиот статус за Меѓународниот кривичен суд во Хаг на 13-ти јуни 2000 година, но истапи од него на 16-ти ноември 2016 година. САД тогаш изразија „жалење“ поради таквата одлука на Москва да се повлече од Трибуналот, иако самиот Вашингтон тоа го стори 14 години претходно и донесе закон со кој може да преземе воена операција против самиот суд во Хаг или земјата која ќе му предаде американски државјанин. Тогашниот портпаролот на американскиот Стејт департмент Џон Кирби изјави дека САД сметаат дека тоа е суверена одлука на секоја земја. Украина, исто така, никогаш не беше меѓу земјите основачи на судот.

Москва тогаш оцени дека Трибуналот не го оправдал надежите кои се полагани во него и дека не станал независно правосудно тело со меѓународен авторитет. Русија, меѓу другото, тогаш образложи дека не може да биде индиферентна кон ставот на Трибуналот од август 2008 година кога режимот на тогашниот грузиски претседател Михаил Саакшвили, кој подоцна по превратот во Киев од 2014-та извршуваше политички функции во Украина, ја нападна автономната кавкаска област Јужна Осетија при што беа убиени руските мировници, а Трибуналот спротивно обвини руски војници и јужноосетиската власт.

Но иако земјите кои се во средиштето на скандалот кој го започна Трибуналот во Хаг против рускиот претседател Владимир Путин и проти руската комесарка за правата на децата Марија Лвова-Мелова за наводни „воени злосторства поради нелегална депортација на деца и нивно преместување од окупираните украински области“. Според Киев станува збор за повеќе од 19.000 деца наводно однесени во Русија, но не се споменува бројката деца кои во првите денови од војната беа испратени во европските земји од десетината болници за ткн сурогат мајки. Украина, исто така, без докази тврди дека многу од украинските деца им биле наводно одземени на родителите и додека тие се обидувале да ги напуштат териториите зафатени со војната или од лицата кои се грижеле за нив откако им загинале родителите.

Русија ги отфрли таквите обвинувања и бројки и порача дека најмалку пет милиони луѓе изминатите осум години по превратот во Киев во 2014 година се преселиле во Русија, како и деца кои останале без родителите во нападите на украинската војска и се згрижени кај роднини кои живеат во Русија. Покрај тоа, како што посочи неодамна Лвова-Белова, кога ќе биде пронајден законски старател на децата во Украина тие му се предаваат нему. Според неа во моментов има над 380 деца кои се сместени во 19 региони во Русија.

„Зборуваме за евакуација од воена зона со целосно придржување до обврските во согласност со меѓународниот хуманитарен закон, како и со Конвенцијата за правата на децата. Милиони луѓе досега на овој начин се евакуирани, вклучително и деца коишто, во повеќето случаи, доаѓаат на руската територија со своите родители, старатели и згрижувачите“, вели амбасадорот Небензја во интервјуто за агенцијата ТАСС.

Небензја истакнува дека само мал број деца биле пронајдени во сиропиталиштата или без родителски надзор, и дека „примарното внимание е посветено на сместувањето на малолетниците“ во семејствата на роднините коишто живеат во Русија.

Западните забелешки дека тие деца се дадени на посвојување се „намерно манипулативни“, посочува рускиот дипломат чијашто земја пред десетина година донесе забрана за неконтролирано присвојување на сираци од Русија во западните земји кои годишно се броеја и во над стотина илјади.

„Главната цел е децата да бидат во семејствата, а не во сиропиталишта. Оваа форма е избрана бидејќи го зема предвид потенцијално обединување на малолетниците со нивните крвни роднини, доколку тие бидат пронајдени“, додава Небензја.

Истакнува дека руските власти не ги спречуваат децата да контактираат или да комуницираат со роднините и пријателите каде и тие да живеат, вклучително и на териториите кои се под контрола на Киев, и дека родителите можат да се јават во канцеларијата на Лвова-Белова за помош при спојување со нивните деца. Според него, досега 15 деца од осум семејства се споени на тој начин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.