Дечиња правеле куќичка во двор, но нашле златни шипки

Две француски десетгодишни момченца играјќи се во дворот на семејна куќа во Вендом во време на епидемијата на коронавирусот дошле до вредно откритие.

Нивните родители, веднаш откако француската влада ги воведе мерките за карантин одлучиле да го напуштат Париз, каде што живее семејството, и да се преселат во семејната куќа во Вендом, југозападно од главниот град.

Синовите, двајцата на десетгодишна возраст, сакале во дворот да направат куќичка од гранки, лисја и чаршафи. Таткото им кажал да ги земат старите чаршафи од нивната баба од ормарот во гостинската одаја.

Додека од ормарот ги извлекувале прекривките, од него испаднале два потешки предмета, раскажува Филип Рујак, локален антиквар и колекционер за француската телевизија BFMTV, која ја објави репортажата во средата за откритието кое се случило на 11-ти мај.

Необичните предмети не им биле итнересни на момченцата, па ги вратиле во ормарот. Но кога на таткото му раскажале што се случило, тој ги замолил да му ги донесат „необичните“ предмети, помислувајќи во прв момент дека станува збор за држач за ножеви на нивната баба.

Кога подобро ги разгледал, му се јавил на Рујак и му испратил фотографии, а антикварот кој воедно е и аукционер, му појаснил дека станува збор за две златни штангли, скоја тешка по еден килограм.

Двете сега се понудени на онлајн наддавање на аукциската куќа на Руијак, коешто ќе се одржи на 16-ти јуни.

Се утврдило дека бабата ги купила уште во 1967 година, како и дека имаат и сертификат за купопродажбата.

Според процените, ако на почетокот од годинава врделе по 43.000 евра, во моментов нивната цена пораснала на 52.000 евра, а се очекува до јуни цената повторно да се зголеми до околу 54.000 евра.

„Цената на златото порасна поради пандемијата на коронавирусот, па ќе причекаме уште малку вредноста на шипките уште да порасне. Би можеле да добиеме барем 100.000 евра“, проценува Рујак.

Меѓутоа, момченцата не биле подготвени да се откажат од своето откритие без надомест. Па родителите им ветиле дека во дворот ќе изградат базен.