Дедо во Скопје со автомобил удрил во бетонски столпчиња поради неприлагодена брзина

Осумдесет и четиригодишниот Љ.А. од Скопје минал со полесни повреди по сообраќајна несреќа која во вторникот претпладнето се случи на подвозникот кај Црниче.

Од полицијата вчера изјавија дека сообраќајната несреќа се случила поради неприлагодена брзина, кога Љ.А. (1933) управувајќи автомобил „рено 4“ излетал од коловозот и удрил во бетонските столпчиња.

Повредениот скопјанец бил пренесен во Градската болница „Св. Наум Охридски“ каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.