Дефект на Меѓународната вселенска станица, нема опасност за екипажот

НАСА соопшти дека  се случил дефект на пупмпата за ладење на Меѓународната вселенска станица, но засега нема опасност за шестмината членови на екипажот кои се наоѓаат на неа.

Портпаролот на НАСА Кели Хемпфриз изјавил дека проблемот би можел да стане сериозен, но дека во моментов ситуацијата е под контрола, пренесе Ројтерс.

Хемпфриз додал дека една од надворешните пумпи престанала да работи на одредено време, додавајќи дека пумпата е дека од системот за ладење на Меѓународната вселенска станица.

Членовите на екипажот – тројца Руси, двајца Американци и еден Јапонец, од претпазливост изклучиле неколку помалку оперативни системи за да ја намалат потрошувачката на електрична енергија.

Екипа експерти од контролата на Земјата се обидуваат да откријат дали проблемот е во хардверскиот или софтверскиот систем.