Во нуклеарната централа „Чернавода“ во Романија се случи инцидент поради кој нуклеарниот реактор престанал да работи.
Како што пренесуваат локалните медиуми, реакторот автоматски се исклучил по дефектот.
Управувата на централата соопшти дека инцидентот нема да предизвика негативни последици за работниците, локалното население и животната средина, а ангажирани се експерти кои ќе работат на поправање на дефектот.
-Тие ќе дејствуваат во согласност со посебните процедури пропишани во такви ситуации-велат од централата.
Во нуклеарната централа и во неделата биле регистрирани дефекти, но од администрацијата велат дека нема врска помеѓу денешниот инцидент и претходниот.