Дефиле под маски на Вевчанскиот карневал

На Вевчанскиот карневал денеска ќе се одржи главното дефиле под маски.  Преку маските и годинава Вевчанци на специфичен начин ќе ја покажат својата дарба за хумор и сатира, а според најавите, нема да изостанат и традиционалните маски Зет, Невеста и Глупавиот Август.

Претпладне ќе се одржи детското катче за изработка на маски, а потоа ќе стартува дефилето под маски.

Потоа василичарите ќе се упатат кон посета на неколку домаќинства на вевчанци каде што ќе можат да вкусат традиционални јадења и пијалоци.

Потоа следуваат Акустичен концерт во Амфитетар, натпреварите во туркање на рака, пиење ракија и јадење луканци.

Вечер ќе биде прогласена најдобрата маска на карневалот за 2014 година, а гостите ќе ги забавуваат Теодулија етно бенд и изведувачите на народни песни Ефто Пупиновски, Миле Кузмановски и Сузана Спасовска.

Вевчанскиот карневал завршува утре со традиционалното палење на маските.

Карневалот се одржува под покровителство на Владата и Министерството за култура, а е потпомогнат од повеќе компании.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.