„Дејли телеграф“: Блер се нуди за преговарач за „брегзит“

Поранешниот британски премиер Тони Блер навестува дека би можел да биде главен преговарач за излезот на Велика Британија од Европската унија, бидејќи како што нагласи, тоа бара „сериозно државништво“, објави „Дејли телеграф“.

 Нашата нација е во опасност. За да минеме безбедно низ ова, мора да бидеме возрасни во нашата политика, да продолжиме со смиреноста и без горчина бидејќи нашата иднина е влог како нација во светот и како Обединето Кралство, предупредува тој во текст во весникот.

Блер истакнува дека евроскептичниот „министер за брегзит“ би бил погрешен избор за водење преговори со ЕУ.

Преговорите ќе бидат исклучително комплицирани. Тоа бара сериозно државништво, предупредува Блер чиј текст како што оценува весникот, „неизбежно е перцепиран како понуда на Блер да учествува во преговорите“.