Дејвид Бекам: Семејна драма на славниот фудбалер

Дејвид Бекам и неговото семејство деновиве преживуваат вистинска драма.Имено, бебето на неговата сестра е сериозно болно и е во болница.

Божикните празници Дејвид ги поминал на Малдивите со сопругата Викторија и нивните деца, но секојдневно бил во контакт со сестра му Лин, чиешто бебе Џенсон Џејмс има десет дена и е на интензивна нега.

Ова е второ дете на неговата сестра Лин, а момчето е родено со сериозно пореметување на дишните органи и се бори за живот.

„Се бори за живот, од моментот кога е родено. Сите се загрижени, но докторите се одлични. Дејвид ни е голема поддршка и постојано сме во контакт,“ изјави Кевин Бригс, партнер на Лин.

Бебето го чека операција, а семејството е собрано заедно за да ги помине овие тешки моменти.