Декемвриските и јануарските решенија за радиодифузна такса ќе стигнат во февруари

Доставата на декемврските и јануарските решенија за радиодифузна такса ќе се вршат во февруари, иформира денеска Управата за јавни приходи.

Како што се наведува во соопштението на УЈП, обврзниците на радиодифузна такса се информираат дека поради потребата од дополнителни проверки на базите на податоци за радиодифузна такса и координативни активности со ЈП МРТ, доставата на декемвриските и јануарските Решенија за радиодифузна такса ќе се врши во февруари, односно веќе е отпочната.

УЈП, исто така, потсетува дека плаќањето на радиодифузната такса за овие две решенија граѓаните и фирмите потребно е да го извршат во најкраток можен рок од приемот на решенијата.