Декларација на Г20: „Повеќето членки ја осудуваат руската агресија на Украина“

Челниците на групата Г30 наводно ја прифатиле во средата на самитот во Индонезија декларацијата во којашто „повеќето челници најостро ја осудиле агресијата на Русија врз Украина“, пренесува Reuters повикувајќи се на дипломатски извори.

Во декларацијата, за која за Reuters три дипломатски извори тврделе без докази дека наводно ја одобриле сите членки стоело дека „повеќе членки остро ја осудуваат војната во Украина и истакнуваат дека таа предизвика големо човечко патење и ги влошува постоечките слабости во глобалната економија“.

Во декларацијата, исто така, стои дека постојат и „поинакви ставови и различни процени на ситуацијата и санкциите“.

Русија и претходно порача дека изрично се противи на формулацијата. Агенцијата истакнува и дека засега не се јасни ниту позициите на Индија и Кина, но потсетува дека двете земји во март беа воздржани при гласањето за сличната резолуција на Генералното собрание на ОН.

Германски делегат рекол дека била усвоена „без никакви промени“ во однос на нацртот кој беше објавен во медиумите во вторникот и оти наводно од Русија се барало „безусловно повлекување“ од Украина.

Меѓународното право мора да се почитува, а заканите со користење нуклеарно оружје би било недозволиво, истакнале челниците во декларацијата, поздравувајќи ја иницијативата за извоз на житарките преку црноморските пристаништа.

„Клучно е да се поддржува меѓународното право и мултилатералниот систем кој ги чува мирот и стабилноста. Тоа вклучува одбрана на сите принципи содржани во Повелбата на Обединетите нации и почитување на меѓународното хуманитарно право“, се наведува во декларацијата.

Се наведува, исто така, дека централните банки на земјите членки соодветно ќе го калибрираат темпото на заострувањето на монетарните политики, имајќи ја притоа предвид потребата од ограничувањето на „прелевањето меѓу земјите. Повторно е потврдена доследноста за избегнување на претераната волатилност на курсевите, признавајќи дека годинава „многу валути се значително погодени“.

 

Итен состанок на Бајден со сојузниците

Претходно дневниот ред на самитот на Бали беше нарушен со итниот состанок на кој се дискутираше за падот на проектилот во Полска во близина на границата со Украина во вторникот вечерта, при што загинаа две лица.

Американскиот претседател Џо Бајден по состанокот на САД со нивните сојузници во НАТО кои ја истражуваат експлозијата, рече дека првичните информации сугерираат дека веројатно не ја предизвикал проектил истрелан од Русија. На состанокот со Бајден учествувале челниците од другите земји на Г7 – Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Канада и Јапонија, а учествувале и претставниците на ЕУ, Шпанија и Холандија.

Полска, која е најагресивната членка на НАТО во однос на Русија изминатите години, соопшти дека ракетата убила две лица во источното Лублинско војводство близу границата со Украина и го повика рускиот амбасадор во Варшава за појаснување откако Москва категорични ја негираше својата одговорност и посочи дека руските сили воопшто не дејствувале во тие области на Украина/

 

Климатски промени и економија

По состаноците челниците на Г20, облечени во бели кошули а некои со бејзбол капи со логото на Г20, учествуваа во церемонијата на садење садници на мангров како симбол на борбата на климатските промени.

На маргините на самите американската министерка за финансии Џенет Јелен имаше двочасовен состанок со гувернерот на кинеската централна банка Ји Ганг, што беше нејзиниот прв директен разговор со висок кинески финансиски функционер. Пред состанокот рече дека се надева дека ќе „добие нов увид во кинеските политички планови“ и оти ќе работи на „поголемиот економски ангажман“ меѓу двете земји.

Директорката на Светската трговска организација (СТО – WTO), Нгози Оконџо Ивеала изјави за Reuters на маргините на самитот дека неколку големи економии се соочуваат со вистински ризик од лизгање во рецесија бидејќи „војната во Украина, растечките трошоци за храната и горивата, како и сѐ поголемата инфлација ги замаглуваат глобалните изгледи“.

Бајден одржа и билатерална средба со британскиот премиер Риши Сунак, првиот нивен состанок тет-а-тет откако Сунак ја презема должноста. Бајден ја опиша Британија како „најблизок американски сојузник и најблизок пријател“, додека Сунак рече дека партнерството меѓу нивите земји е единствено и дека нивните вредности и интереси се усогласени.

 

Настојувањето за осуда на Русија

На самитот на Г20 на Бали, па и пред неговото започнување, доминираа притисоците на Западот да биде осудена Русија поради војната во Украина. Западните челници повторно се обидуваа украинската криза да ја персонализираат со рускиот претседател Владимир Путин и да го обвинат за уништувањата на нивните национални економии, за уништување на глобалната економија и новата геополитичка поделба, што се надоврза на пандемијата од Covid-19

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој го претставуваше претседателот Путин, во вторникот рече дека е „непримерна политизацијата“ на самитот на организацијата која е платформа за економска соработка.

„Да, во Украина во моментов е војна, хибридна војна којашто Западот ја започна и за којашто се подготвуваше со години“, реле во вторникот на прес-конференција Лавров, повторувајќи ги со години наназад повторуваните предупредувања од Москва дека ширењето на НАТО до нејзините граници ја загрозува безбедноста на Русија.

Лавров замина во вторникот ноќта, а Русија подоцна ја претставуваше министерот за финансии Антон Силуанов.

еветнаесетте земји од Г20 заедно со Европската унија сочинува повеќе од 80 отсто од светскиот бруто домашен производ, и 75 отсто од меѓународната трговија и 60 отсто од населението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.