Дел од автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат со изменет режим

Поради одржување на улична трка „Халк Еко Скопје трча 10 км“ утре во периодот од 08 до 11:30 часот повеќе линии од јавниот градски превоз ќе имаат изменет режим на движење.

Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека по изменета траса од вообичаената ќе сообраќаат линиите 2, 4, 7, 8, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А, 59 и 60.

Трасата на движење на линиите: 2, 4, 21, 22, 22А, 32, 56, 56А и 60 во правец кон Ѓорче Петров ќе биде од ТЦ „Сити мол“ лево по улицата „Московска“, па десно по улицата „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи да сообраќа по својата вообичаена траса. Во обратна насока линиите ќе сообраќаат по својата вообичаена траса.

Линијата 8 од мостот „Гоце Делчев“ по булеварот „ВМРО“ ќе продолжува по булеварот „Партизански одреди“ се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по ул. „Московска“, па десно по ул. „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжи кон своето почетно стојалиште. Во обратна насока се до Соборниот храм ќе сообраќа по бул. „Партизански одреди“, па по бул. „ВМРО“, преку мостот Гоце Делчев и ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец од Карпош 3 кон а Центар, ќе сообраќаат по ул. „Карпошово востание“, ул. „Бледски договор“, бул. „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжува по својата вообичаена траса.

Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15. Линиите 15, 15А и 19 за терминал во Карпош ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.