Дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов затворен за сообраќај

 

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре во периодот од осум до 10 часот јавното претпријатие „Улици и патишта“ ќе поставува семафорски портал на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, на пешачкиот премин кај Млечен ресторан. Поради тоа, во овој период, булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со улицата Њуделхиска ќе биде затворен за сообраќај.

Автобусите на јавниот градски превоз коишто ги опслужуваат автобуските линии со броевите 4А и 5 ќе се движат по улицата Франклин Рузвелт, булеварот Партизански одреди и булеварот 8. Септември, и во двете насоки.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената привремена сообраќајна сигнализација на оваа делница.