Дел од Карпош денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека денеска дел од општина Карпош ќе остане без вода.

На ден 15.09.2021 поради уличен дефект од Ф-150 мм и дефект на шибер Ф-80мм на ул. Дрезденска 38 и Анкарска во населба Тафталиџе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на ул.Њу Делхиска, Дрезденска, Анкарска, Атинска, Алжирска, Бахар Моис, Римска, Наум Евро, Панче Пешев, Генерал Михајло Апостолски, Борка Талевски.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до 13:00, до санирање на дефектот.