Дел од Кисела Вода утре без вода

Поради поврзување на нова водоводна мрежа Ф80 милиметри на улица „Балзакова“ број 6, во текот на утрешниот ден без вода ќе бидат корисниците од оваа улица во Кисела Вода, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Во соопштението се наведува дека водоснабдувањето ќе биде во прекин од 9 часот, па се до завршување на активностите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.