Дел од корисниците на улиците Методија Андонов Ченто и Среќко Пужалка без вода

Корисниците од улицата Методија Андонов Ченто број 99 и дел од корисниците од улицата Среќко Пужалка од осум часот, па се’ до санирање на дефектот ќе бидат без вода за пиење.

Прекинот е поради дефект на водоводна мрежа на улица Методија Андонов Ченто број 99.