Дел од општина Карпош утре ќе остане без вода

ЈП Водовод и канализација известува дека на ден 08.05.2021, сабота, заради дефект на приклушна цевка ф 5/4  на улица „Женевска“ бр.31-Б, прекинато водоснабдување ќе има дел од улица Женевска.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефект.

Оваа улица е на територијата на општина Карпош.