Дел од парламентарното мнозинство на Макрон не се согласува со неговите намери за заострување на имиграционата политика

17

Петнаесет пратеници на ЛЕРМ (Републиката во движење) го осудија преку јавна трибина повикот за поостра политика кон имиграцијата од страна на претседателотЕмануел Макрон. Некои од нив веќе се спротивставија на законот за азил и имиграција во 2018 година, јавува дописникот на МИА.

Ден по офанзивниот говор на шефот на француската држава за имиграцијата, 15 пратеници од редовите на накронистичкото движење објавија трибина за одбрана на „успешната интеграција во териториите“. „Да не ја оставиме дебатата за имиграцијата на конзервативците и на десницата. Да не дозволиме да се спушти на безбедносно, протекционистичко или идентитетско ниво“ , предупредуваат потписниците.

Меѓу нив, неколку пратеници, како Соња Крими, кои се одликуваа со жестокото спротивставување на законот за азил и имиграција, во 2018 година. Оттогаш тие се структурирани во рамките на „социјалдемократскиот колектив“, и ним не им се допаднаа многу зборовите на Претседателот на Републиката.

–Имав впечаток ддека не го слушам човекот од претседателската кампања, туку лидер на Националниот фронт“, вели огорчената пратеничка од ЛРЕМ, Делфин Багари, кој вели дека е „шокирана“ од говорот на Емануел Макрон.

–Како може претседателот да го поврзе предметот на имиграцијата со оној на барателите на азил и гласањето за ФН? Тоа е амалгам! , вели таа.

– Тоа е саркозистички говор, тоа не функционира. Да, ние мора да зборуваме за имиграција, но не со преземање на концептите на нашите противници. Да земеме квалитативен, а не квантитативен пристап. Во некои напуштени села, на пример, имиграцијата им овозможува на училиштата да не се затвораат “,вели пратеникот Жан-Франсоа Чезарини

Потписниците на платформата сакаат средба со претседателот. Некои од нив објавија уште еден текст во вторникот, во кој се бара од владата да не ја доведува во прашање државната медицинска помош (АМЕ). Прашање кое претседателот исто така се погрижи да го избегне, кога зборуваше пред своето мнозинство.

Покрај овие неколку гласови кои сепак се малцински во ЛЕРМ малцинството, кои според проценките ги има околу трисетина или 10% од пратеничката група.

Според информациите на француските медиуми, извршното биро на партијата ЛРЕМ, следната недела ќе биде посветено на дебатата за имиграцијата, во присуство на „министрите засегнати од досието“. „Целта е да се утврди колективна позиција на движењето за имиграцијата“, се вели од од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.