Дел од Припор без вода

15

Корисниците од прва зона во населбата Припор денеска од 10:00 часот имаат прекинато водоснабдување поради дефект на затворач со пречник од 100 милиметри на улицата „Христо Татарчев – крак 20“ бб, во близина на училиштето.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато се до отстранувањето на дефектот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.