Дел од улицата „Христо Татарчев“ денес без вода

Поради уличен дефект на цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Христо Татарчев“ бр.79 во Скопје, кај вила „Христина“, денеска без вода ќе бидат дел од корисниците од улицата.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:30 часот до завршување на дефектот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.