Дел од вработените во МЖ Транспорт го прекинаа протестот

вработени

Вработените од работилницата за оспособување на локомотивите на МЖ Транспорт одлучија да го прекинат протестот поради кој повеќе од две недели е блокиран железничкиот сообраќај, изјави претставникот на иницијативниот одбор за протестот Ѓоко Илиески.

Според Илиески, претпладне на средбата на вработените со в.д директорот на МЖ Транспорт Игор Коруноски е договорено по вчерашната исплата на половина од јануарската плата, втората половина да биде исплатена во текот на следната недела, а платата за февруари да се исплати целосно до крајот на овој месец.

Од машинскиот персонал во железницата, пак, за да почнат со работа бараат да им бидат исплатени по 10.000 денари од вториот дел од платата, за што ќе имаат средба со раководството.

Се уште нема информација дали вработените во останатите оддели во железницата ќе се вратат на работните места и кога ќе се создадат услови да профункционира патничкиот и товарниот железнички сообраќај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.