Единаесет слики на славниот шпански уметник Пабло Пикасо и други дела, благодарејќи на кои Лас Вегас од престолнина на коцката и раскалашеноста се претвори во неверојатна дестинација за уменоста се продадени во саботата на наддавање за повеќе од 100 милиони доалри.
Наддавањето на аукциската куќа Sotheby’s се одржа во хотелот „Bellagio“, каде сликите со години беа изложени, а одржана е два дена пред 140-от роденден на шпанскиот уметник на 25-ти октомври.
Пет слики беа поставени во луксузниот хотелски ресторан „Picasso“ Ресторанот во хотелот „Bellagio“ и натаму ќе ги изложува 12-те други дела на Пикасо.
Највисока цена достигна портретот на љубовницата и муза на уметникот Марија-Терез Валтер од 1938 година под наслов „Femme au beret rouge-orange“, која е продадена за 40,5 милиони долари, околку 10 милиони долари повеќе од претпродажната процена/
Големите портрети „Homme et Enfant“ и „Buste d’homme“ се продадени за 24,5 милиони односно 9,5 милиони долари. Додека помалите дела во керамика, како „Le Dejeuner sur l’herbe“ кое е продадено за 2,1 милиони долари, се продадени за три или четири пати повисоки суми од очекуваните.