Деле Али ограбен во својот дом во Лондон

Фудбалерот на Тотенхем, Деле Али, бил бил ограбен и полесно повреден од вооружени крадци кои му се заканувале со нож во неговиот дом ноќта кон средата, пренесуваат британските медиуми.

„Тоа беше ужасно искуство, но сега сме во ред“, нашиша 24-годишниот фудбалер на својот твитер профил.

„Полицијата беше повикана половина час по полноќ поради провалување во резиденцијален дел на Лондон“, изјавил портпаролот на лондонската поцлија за весникот The Daily Mail.

Според него, двајца мажи провалиле во куќата на Али во Барнет, во којашто бил тој, неговата девојка, брат му Хари Хикфорд со својата девојка и уште еден пријател.

„Двајца мажи влегле во куќата, земале накит и часовници вредни стотици илјади фунти, а потоа побегнал“, додал полицискиот портпарол истакнувајќи дека засега нема уапсени за овој случај.

Али треба да се врати на тренизнсите следната седмица пред можното продолжување на сезоната во Премиер лигата во јуни, која беше прекината во март поради пандемијата на коронавирусот.