Деле Али се враќа на дербито со Арсенал

Тотенхем очекува Деле Али да се врати на време за  неделното градско дерби во Северен Лондон, кај Арсенал.

Деле Али се уште нема ниту еден настап оваа сезона, а не беше ниту на клупата за резерви на последниот натпревар на Тотенхем.

Тотенхем забележа пораз против Њукасл, а наводно Деле Али не бил во составот бидејќи селекторот Маурисио Покетино сака да биде претпазлив во врска со неговото враќање.

Престојното дерби е исклучително важно и за двата тима имајќи го предвид тоа што и Арсенал и Тотенхем регистрираа порази за време на викендот, Тотенхем од Њукасл, а Арсенал од Ливерпул.