Делегација на Македонскиот полициски синдикат во Крушево

Делегација на Македонскиот полициски синдикат во Крушево положи свежо цвеќе пред гробот на Никола Карев и пред спомениците “На хероите на Слива” и на “Мечкин камен”

Во чест на големиот државен празник, 2 август, Ден на Републиката делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од Претседателот на МПС Д-р Марјан Кицев,придружуван од Генералниот секретар Киро Трајковски и  Зоран Кузмановски Потпретседател денеска положи свежо цвеќе и се поклонија пред гробот на претседателот на Крушевската Република Никола Карев во Македониумот на Гумење во Крушево како и пред пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и пред споменикот на “Мечкин Камен”.

“Прославувајќи го 2-ри август, Денот на Републиката ние од Македонскиот полициски синдикат им упатуваме благодарност на сите херои од нашата историја чии идеали за слобода и независност ги преточија во реалност. Нивниот придонес не обврзува не само да го чествуваме големиот празник, туку да ја продолжиме нивната голема борба за напредна и успешна Република Северна Македонија- истакна Претседателот на МПС Д-р Марјан Кицев

 

 

Со почит

Македонски полициски синдикат

Претседател