Делегација на САД на Тајван, додека Кина одржува воени вежби

Кина во средата одржа воени маневри во близина на Тајван, неколку часа пред во Тајпеј да пристигнат американски функционери за да ја изразат поддршката на претседателот Џо Бајден на островската земја којашто Пекинг ја смета за своја одметната територија.

Тајван повторни се жалеше на кинеските воени активност во близина на своите територии, вклучително и на влегувањето на кинеските борбени авиони во неговиот воздушен простор или приближувањето на кинескиот носач на авиони. Во понеделникот во тајванскиот воздушен простор влегел дури 25 кинески авиони, најмногу досега, пренесува Reuters.

Кинеската канцеларија за прашањата на Тајван рече дека владата на оваа непризнаена земја под патронат на САД и сепаратистите се здружиле се „надворешните сили“ да провоцираат и да наштетуваат на мирот и безбедноста.

„Кинеската нарооднослободителна армија ги организира сегашените борбени вежби во Тајванскиот теснец како неопходна акција во моменталната безбедносна ситуација и за да го сочува националниот суверенитет. Тоа е само одговор на мешањето на надворешните сили и тајванските провокации“, изјави кинескиот портпарол Ма Ксијаогуанг.

САД, кои поради зачувување на односите со Кина како и повеќето западни земји, ја признаваат владата во Пекинг но не и во Тајпеј, но сепак се најголемите поддржувачи на Тајван. Вашингтон наведува дека со сѐ поголема загриженост го следи зголемувањето на напнатоста меѓу Кина и Тајван кого воено го помагаат.

Подоцна во средата на Тајван ќе пристигне американскиот сентарот Крис Дод и поранешните заменици на државните секретари Ричард Аритиџ и Џејмс Стејнберг. Од Белата куќа оваа посета ја нарекоа „личен сигнал“ на доследноста на Бајден во однос на Тајван и „неговата демократија“.

Американската делегација во четврток ќе се сретне со тајванската претседателка Цаи Инг-вен. Портпаролот на нејзиниот кабинет Ксавиер Чанг изјави за медиумите дека ова посета „повторно го покажува силниот однос меѓу Тајван и САД“ и „повепартсиката подршка за Тајван во САД“.