35 C
Skopje
вторник, август 4, 2020

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на политичкото собрание на ЕПП во Брисел

39

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и меѓународниот секретар Влатко Ѓорчев учествуваат на политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел.

Собранието на ЕПП започна со извештај на претседателот Жозеф Дол за актуелниот избор на Европската комисија (ЕК), Брегзит актуелностите, како и политичките состојби во европските земји.

Генералниот секретар на ЕПП, Антонио Лопез Истуриз особено се задржа на европските избори и политичката состојба во Шпанија.

Во текот на Собранието на ЕПП, Николоски и Ѓорчев остварија поголем број на билатерални средби и контакти, запознавајќи ги соговорниците со актуелните состојби во Македонија.

Собранието на ЕПП ќе продолжи утре, а претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат посебно обраќање. Воедно, ќе бидат остварени повеќе билатерални средби со преставници на Европската Комисија, пратеници од Европскиот Парламент каде главна тема ќе бидат актуелните состојби во Македонија, корупцијата во редовите на Владата, злоупотребите на власта, економското опустошување, како и барањето за предвремени избори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.