Делегација на ВМРО ДПМНЕ присуствуваше на одбележувањето на годишнината од завршувањето на Првата Светска Војна

Денеска, во делегација од ВМРО-ДПМНЕ заедно со потпретседалот Владо Мисајловски и претседателот на ОК Прилеп Петар Ристески присуствувавме на одбележувањето на годишнината од завршувањето на Првата Светска Војна организирана од Германската и Француската амбасада во знак на европското помирување.

ВМРО-ДПМНЕ е партнер на Франција и Германија и гради цврсто партнерство. ЕУ е единствената алтернатива за Македонија и ВМРО-ДПМНЕ по победата на изборите ќе се посвети на реализација на реформите за Македонија да е на брза трака за почеток на преговори со ЕУ, напиша напиша на фејзбук подпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.