Делев: Неспособноста на владата на Заев и СДСM доведува до откажување на странските инвестиции и селење на капиталот

237

Неспособноста на Владата на премиерот Зоран Заев и неговито владејачки СДСМ доведува до откажување на странските инвестиции и селење на капиталотл, и три месеца откако се на влас резултат кај странските инвестиции е огромна нула, потенцираше во понеделникот Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Освен тоа што нема нови, и постојните се пред одлука за затворање на капацитетите. На Македонија ѝ следи опасност од второ транзициско затворање на фабриките. Владата на Заев во наследство добива шеесетина странски компании со кој владата на ВМРО-ДПМЕН беше во сериозни разговори и потенцијални 25 илјади работни места. Наместо да го продолжат трендот на носење инвестиции тие се откажуваат. Следува вистинска катастрофа на тој план. Таа неспособност се гледа низ повеќе работи. Прво странските инвестиции ги водат наместо стручни кадри, луѓе припадници на шарената револуција, партиски војници и неквалификувани кадри. На местото на Веле Самак дипломец на Јел и кој дојде од Мајкрософт се постави Рамиз Мерко од Струга, на местото на Бил Павлески од Хјулид Пакард од Бостон се постави Самка Ибраимовски. На местото на Горан Мицковски кој дојде од Лондон како соработник на Кредит Свис се назначи Зорица Апостолоска од УО на агенцијата за пензиски фондови на РМ. На местото на Џери Наумоф од Чикаго дојде Зоран Шапурич. Виктор Мизо кој заврши на Харвард, кој дојде од Меккензи, Магна и Џенерал Електрик замина од позицијата директор на ТИРЗ, го замени Александар Младеновски активист на шарената револуција и активист на невладина организација“, истакна Делев.

Потенцираше дека со овој начин на функционирање, многу луѓе ќе останат без работа.

„Второ, Владата ги повлече сите 33 инвестициски промотори од Европа, Америка и Азија, прогласувајќи ги за непотребни и за трошок. Целосната структура е изгубена. Трето, се најави и постепено зголемување на даноците. Поголемите даноци ќе бидат огромен товар и за домашното стопанство, но и за странските компании. Четврто, непријателската клима која се гради спрема странските инвеститори многу веројатно дека стои бизнис интересот на домашни и локални моќници и олигарси блиски до СДС. Петто, објавувањето на договорите со странските компании значи и објавување на сите деловни тајни, пракси и знаења. Во договорите за државна помош е опфатен целиот деловен потфат. Поголемиот дел од инвеститорите во Македонија се мултинационални компании кои котираат на меѓународни берзи и недозволив е ваквиот однос од страна на владата кој може да предизвика сериозни меѓународни судски спорови. Фискалните импликации не се тајна и тие досега беа мониторирани од неколку независни тела во Република Македонија како и директно од ЕУ. Не се работи само за неспособност туку и за намера. Бркањето на инвеститорите и затворањето на погоните ја намалува цената на пазарот на трудот, тоа ќе ги намали платите, а тоа значи и повеќе профит за бизнис олигарсите на СДС. Ќе останат многу луѓе без работа поради неспособната влада на СДС“, додаде Делев.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.