Делев: Владата на СДСМ води погубна политика за македонска економија

Сите големи компании, стратешки се тргнаа од Македонија. Направивте изборна кампања против странските инвеститори, направивте кампања против рударството, направивте кампањи против неколку капитални гранки во индустријата кои што сега се погубни во македонската економија, потенцираше поранешниот заменик министер за економија од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Делев, во денешното гостување на ТВ 24, во емисијата „Анализа“.

Според Делев, рецесијата во економијата е резултат на лошите економски политики кои ги води владата на СДСМ и негативните кампањи кои во предизборието ги водеше СДСМ против странските инвеститори, рударството и други крупни индустрии.

Резултат на ова е падот од 30 проценти во градежништвото како и падот во рударството. Тој ги спомена и странските инвестиции кои за  скоро една година владеење на СДСМ изнесуваат само 60 милиони евра, додека само во градот Врање во соседна Србија со директни странски инвестиции се инвестирани неверојатни 200 милиони евра.

Делев ја спомена компанијата Џонсон Контролс, која според него избега од Македонија и инвестираше во соседна Србија.

-Ја губиме трката, инвеститорите не инвестираат во Македонија, потенцираше тој.

За Делев застрашувачки е фактот што реализацијата на капиталните проекти на новата влада за месец јануари е само 1 процент. Тој додова дека ова е показател дека ништо не се работи.

Делев констатираше дека мерките на СДСМ кои што ги предлага се шарлатански, бидејќи со таквиот  пристап и мерки , владата на СДСМ нема да креира нови работни места, а со тоа  нема да го реши проблемот на граѓаните- невработеноста.