Делфин искасал четворица капачи на плажа во Јапонија

Четворица капачи се повредени во напад на делфин на плажа во централна Јапонија, јавија јапонски медиуми.

Шеесет годишен маж претрпел бројни каснувања по рацете и неколку ребра му се скршени, откако делфин удрил во него на неколку метри од брегот на плажата Суишохама, во градот Михама, јавува Би-Би-Си.

Маж на 40-годишна возраст рано изутрината е повреден кога делфин го каснал за раката на популарна плажа. Во текот на денот имало уште два други напади на капачи.

Оваа година на брегот на Јапонија беа регистрирани шест напади на делфини.

На оваа, како и на другите плажи, поставени се табли со кои се апелира капачите да не им приоѓаат и да не ги допираат делфините.

Иако се смета дека делфините генерално не се агресивни кон луѓето, нападите биле забележани и претходно. Научниците веруваат дека за одредени видови делфини е многу стресно кога пливаат во близина на луѓе, а тоа го покажуваат со менување на нивното однесување.