Делгацијата на ВМРО-ДПМНЕ во Загреб ќе се сретне со Хан, Курц, Јанша, Борисов и двете сестрински партии од Финска и Шведска

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во вестите на телевиијата Алфа откри дека дека во четвртокот партиската делегација ќе се сретнат со уште многу лидери на политички партии и ќе имаат бројни средби.

Ќе имаме средби со неколку потпретседатели на Европската Народна Партија, со генералниот секретар Антонио Лопез кој се бори за следен мандат, со Јоханес Хан, ќе имаме средба со Себастијан Курц и бројни други средби, рече Николоски.

Ддоаде дека ќе се сретнат и со Јанез Јанша, Бојко Борисов, како и сестринските партии од Финска и Шведска.

Во храватската престолнина се одржува дводневниот изборен конгрес на Европската народна партија (EPP). Единствен кандидат на нов лидер на сојузот на партиите од десниот центар е претседателот на Европскиот совет на заминување, Доналд Туск.